Најлуксузните лифтови во светот

76

Од дното до врвот за само неколку секунди, минути. Ова ретко се случува во животот. Но, возможно е. Тука се лифтовите кои ќе ве однесат до облаците. Еве една листа на најскапите лифтови кои некогаш биле изградени во светот.

5. The Gateway Arch, 10 милиони долари, Мисури

1201elevatorsstlouisarch1-152012-18329_horiz-large

Една од најголемите атракции во Мисури е The Gateway Arch, дизајниран во 1947 година, а целосно изграден во 1968 година. За да дојдат до врвот на The Gateway Arch без лифт, посетителите ќе треба да искачат 1.000 скалила. Изградбата на The Gateway Arch во 1965 година чинела 13 милиони долари, кои доколку би се претвориле во денешната вредност на доларот би биле некаде околу 96 милиони долари. Лифтот во овој објект е инспириран од научната фатнастика и чини дополнителни 10 милиони долари.

4. Лифтот Hammetschwand, 14,8 милиони долари, Швајцарија

74377288

Највисокиот лифт во Европа е атракција само по себе. Лифотот е дизајниран од Schindler Group и создаден е туристите да се чувствуваат комфорно додека се возат гледајќи го езерот Луцерн. Објектот е изграден помеѓу 1903 и 1905 година и чинел 550.000 долари, кои во денешни пари се 14,8 милиони долари. За лифтот да биде побрз, неговата платформа во 1935 година била променета и бил ставен полесен метал. Во кабината во исто време можат да се возат осум патници. И денеска овој лифт е еден од најбрзите.

3. Лифтот Santa Justa, 15 милиони долари, Португалија

96_big

Лифтот Santa Justa, кој е познат и како Carmo лифт е единствениот вертикален лифт во Лисабон. Изграден е помеѓу 1900 и 1902 година и тогаш неговиот мотор бил парна машина. Во 1907 година, тој станува електричен. Овој лифт не е ни највисокиот ни најбрзиот во светот, но дефинитвно е најлуксузниот. Дизајниран е во готски стил и неговата денешна цена е 15 милиони долари.

2. The AquaDom, 17,4 милиони долари, Германија

PENTAX Image

Доколку го посетите Берлин, потрудете се да го посетите и хотелот Радисон и да се возите со AquaDom лифтот. Изграден е во 2004 година и е една од најимпресивните градби која некогаш е направена. Лифтот се наоѓа во огромен аквариум и неговата цена за изградба е пресметана на 17,4 милиони долари.

1. Лифтот Bailong, 19 милиони долари, Кина

1201elevatorsbailong1-152012-16520_panoramic

За овој лифт се што се зборува е во суперлатив. Тој е највисокиот и најтешкиот надворешен лифт кој некогаш бил изграден. Тој е и најбрзиот и со најголем капацитет, бидејќи во него истовремено можат да се возат 50 луѓе. Изградбата на лифтот траела три година, а целосно бил завршен во 2002 година. Потребни се само две минути за да стигнете од дното до врвот. Неговата изградба чинела неверојатни 19 милиони долари.