Најмногу рекламации за изгубени поштенски пратки

30

На македонскиот поштенски пазар најмногу рекламации лани се поднесени за изгубени поштенски пратки, а поголемиот дел од позитивно решените се за препорачани пратки, јавува Миа.

Според податоците на Агенцијата за пошти, вкупниот обем на поштенски сообраќај во 2015 година е намален за над два милиона пратки во однос на 2014 година. Кај давателот на универзалната услуга Македонска пошта (МП) трендот на намалување е постојан од 2011 година наваму. Обичните писма учествуваат со над 87% кај Македонска пошта.

Вкупните приходи од поштенските услуги лани изнесувале 2.033.717.836 денари или 0,36% од вкупниот остварен БДП во 2014 година. Вкупниот приход кај сите даватели на поштенски услуги во 2015 во однос на 2014 е намален за 7,9%.

Поштенските работници учествуваат со 0,36% во вкупниот број вработени во Македонија. Просечната бруто плата во овој сектор исплатена во октомври годинава изнесува 31.784 денари.