Најмногу слободни работни места во градежништвото во третото тримесечје на 2015

32

Највисока стапка на слободни работни места во третото тримесечје од оваа година, има во секторот Градежништво и изнесува 2,69%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,55%.

Најниска стапка на слободни работни места, во овој период има во секторите Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,19%.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,16%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,53%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2.000, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.