Најмоќни резервни валути во светот

369

Под поимот резервна или сидро валута се подразбираат девизи што во значајна количина се чуваат од централните банки или други монетарни власти како дел од нивите девизни резерви.

Оваа валута има голема и широка примена во глобалната економија, а често пати се нарекува сигурна или сидро валута.

До крајот на минатиот век, американскиот долар се сметаше за доминантна резервна валута во светот.

Податоците покажуваат дека вкупниот износ на средства што се чуваат во некоја странска валута изнесува 10.900.999.000.000 долари. Најголемиот дел од нив, над 61% или 6,7 илјади милијарди се во долари. Потоа следуваат резервите што се чуваат во евра и зафаќаат 20% од вкупниот износ или 2,2 илјади милијарди долари.

Трета најсилна резервна валута се смета јапонскиот јен со 572 милијарди долари, а на четврто место се позиционираше британската фунта со 494 милијарди долари.

Фото: Pixabay