Најниска и највисока основица за пресметка на придонеси за 2017 година

22

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките на плата што се однесуваат за периодот од јануари до декември 2017 година, стои во соопштението на Управата за јавни приходи.

Најниска основица за пресметка на придонесите за 2017 година изнесува 16.439 денари, односно 50% од просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во ноември.

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2017 година за примањата од работен однос изнесува 394.524 денари (12 х 32.877 денари).

Највисоката основица за пресметка на придонесите за 2017 година за самовработени лица изнесува 263.016 денари (8 х 32.877 денари).

Од УЈП напоменуваат дека сите обврзници кои до овој момент поднеле и исплатиле конечни пресметки за јануари 2017 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основа за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.