Најплатената актерка на планетата заработи 43 милиони долари

207

Колумбиската актерка, Софија Вергара е најплатена во светот, благодарение на тоа што во последните 12 месеци заработила 43 милиони долари.

Според магазинот Forbes, ѕвездата на Modern Family, заработува по пола милион долари по епизода во последната сезона, којашто престана да се снима на почетокот на оваа година.

Анџелина Џоли, според магазинот, е втора најплатена актерка со годишна заработка од 35,5 милиони долари, додека трета е Гал Гадот со заработка од 31,5 милион долари.

Меѓу најплатените актерки во свето се најдоа и: Мелиса Мекартни (25 милиони долари), Мерил Стрип (24 милиони долари), Емили Блант (22,5 милиони долари), Никол Кидман (22 милиони долари), Елен Помпео (19 милиони долари), Елизабет Мос (16 милиони долари) и Виола Дејвис (15,5 милиони долари).

Фото: Facebook