Најплатениот спортист лани заработил 180 милиони долари

29

Познатиот ММА борач, Ирецот Конор Мекгрегор бил најплатен спортист минатата година со заработка од 180 милион долари, јавува магазинот Forbes.

Триесет и двегодишниот Ирец минатата година имал само една борба и тоа во јануари кога по само 40 секунди го нокаутирал својот противник, поради што заработил 22 милиони долари.

Но, најголемиот дел од заработката му доаѓа од продажба на мнозински удел во компанијата за производство на виски, Proper No 12 за 150 милиони долари.

Мекгрегор е еден од четирите спортисти кои ланската година заработиле повеќе од 100 милиони долари, а тоа се фудбалерите Леонел Меси и Кристијано Роналдо, како и рагбистот Дак Прескот.

Втор на листата најплатени е фудбалерот на Барселона, Лионел Меси со 130 милиони долари, а зад него Португалецот Кристијано Роналдо со 120 милиони долари.

Меѓу 10-те најплатени спортисти се и: Дак Прескот – рагби (107,5 милиони долари), Леброн Џејмс – кошарка (96,5 милиони долари), Нејмар – фудбал (95 милиони долари), Роџер Федерер – тенис (90 милиони долари), Луис Хамилтон – Формула 1 (82 милиони долари), Том Брејди – рагби (76 милиони долари) и Кевин Дуран – кошарка (75 милиони долари).

Десетте најплатени спортисти имале заработка од 1,05 милијарди долари, што е 28% повеќе одошто една година претходно.

Фото: Freepik