Почна како водоинсталатер, а денес е деловен човек со богатство од милијарда долари

141

Познатиот ММА борач, Конор Мекгрегор почнал како водоинсталатер и мечтаел за слава во светот на слободната борба. Неодамна најави дека се повлекува од светот на спортот и нема да се врати во рингот. Во својата објава Мекрегор истакнал дека не наоѓа повеќе мотив во тоа, бидејќи борбите нема да му донесат ништо ново. Првиот човек на УФЦ, Ден Вајт ја откри причината за неговата одлука.

“Неговото виски се продава феноменално. Во последно време руши рекорди и нема потреба да заработува пари преку борби“, вели тој. Британските медиуми пишуваат дека Мекгрегор со продажба на виски изградил царство.

Неговото виски Proper 12, одлично се продава, а се проценува дека досега од тоа има заработено милијарда долари.

Поради пристапната цена и добриот маркетинг, продажбата на виски му оди одлично. Proper12 се продава од 2018 година, а во првите шест месеци продаде 2,5 милиони шишиња.

Фото: Facebook