Најпосакуваната работа за ова лето, работа од 9 до 15 часот, за плата 1.500 евра

290

Скоро 90.000 Шпанци аплицирале за 3.000 работни места за редари на плажа. Работното место, кое се состои од набљудување на плажа, предупредување на капачите да се придржуваат кон мерките и да одржат растојание од два метра, е најпосакувана работа ова лето, пишува Deutsche Welle.

За оваа работа пред сè се пријавиле млади луѓе. Ова е, од една страна, затоа што е напорна работата во летните горештини, а од друга страна, затоа што младите Шпанци се најмногу погодени од короната криза. Повеќе од еден милион од нив ги загубија своите работни места поради пандемијата, од кои половина се помлади од 35 години.

Работното време е од 9 до 15 часот, а платата е 1.500 евра. Работата редари на плажа ја смисли регионалната влада на Андалузија и се надеваат дека на тој начин со еден удар ќе “убијат две муви“, вели Ана Целиа Гонзалес, директорка на установата за цивилна заштита во Малага.

Фото: Freepik