Најпосетувани интернет страници во 2020 година

21

Огромен е бројот на корисници на интернет ширум светот, чиј главен пребарувач е Google, поради што тоа е најпосетуваната интернет страница во текот на минатата година. Овој технолошки гигант во пандемиската 2020 година има 92,5 милијарди посети месечно.

Меѓу “најоптоварените“ интернет страници лани беа и YouTube со 34,6 милијарди и Facebook со 25,5 милијарди посети. Инаку, Facebook има 2,7 милијарди корисници, кои во просек на оваа социјална мрежа секој ден поминуваат по 34 минути, додека една третина од вкупниот број на корисници ја користат како главен извор за сите информации.

Зад нив се Twitter со 6,6 милијарди посети, па Wikipedia со 6,1 милијарда и Instagram со исто толку отворања месечно.

Фото: Pexels