Најскапата овца на светот продадена за 412.000 евра

380

Јагне од расата Тесел стана најскапата овца на светот откако беше продадена на аукција во Шкотска за 412.000 евра. Шестмесечното јагне, наречено Double Diamond, го купи конзорциум на одгледувачи на овци, откако по жестокото наддавање од повеќе страни многукратно беше надмината почетната цена од 10.000 фунти.

Претходната рекордна цена од 2009 година изнесуваше 257.000 евра.

Тесел овците потекнуваат од истоимениот мал остров покрај брегот на Холандија и редовно постигнуваат петцифрена цена.

“Да се разбереме, ова е безобразно голема сума пари за едно јагне и не ја отсликува фармерската заедница, но моравме да ја платиме за да ја добиеме генетиката“, изјави еден од купувачите, Џеф Ејкен.