Најскапата зделка од почетокот на пандемијата – Google купува деловна зграда во Њујорк

124

Компанијата Google планира да купи деловна зграда во Њујорк за 2,1 милијарди долари, и покрај фактот дека поголемиот дел од работната сила сè уште работи од домa.

Аквизицијата претставува најскапа набавка и продажба на кој било канцелариски простор во Соединетите држави од почетокот на пандемијата, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на Real Capital Analytics.

Google веќе ги реновира просториите на St. John’s Terminal во срцето на Менхетен според договор за закуп, но сега е објавено дека ќе го купи, за да стане “центар на нејзиниот нов кампус“ во Њујорк, потврди финансиската директорка на компанијата , Рут Порат.

Аналитичарите од порталот CNBC сметаат дека оваа трансакција е позитивен знак за пазарот на недвижности во Њујорк, и враќање на големите работодавачи во деловниот простор.

Инаку, Google им кажа на своите вработени дека не мора да се вратат во канцелариите до јануари. Извршниот директор на ИТ гигантот, Сундар Пичај, изјави претходно дека очекува 20% од вработените да продолжат да работат од далечина по повторното отворање.