Најскапиот автомобилски отпад на светот

98

Дубаи го има веројатно најголемиот автомобилски отпад на искршени, напуштени или запленети луксузни возила на светот.

Со оглед на тоа дека на улиците на овој град може да се види неверојатен број на суперспортски и луксузни модели, не треба да претставува изненадување што таквата состојба се пресликува и на локалниот автомобилски отпад. На овој отпад се сместени илјадници „обични“, но и некогаш скапоцени автомобили, од кои дел од нив преживеале страшни сообраќајни несреќи, па нивната поправка и не е баш опција.

Вистинска реткост е воопшто да видите еден покрај друг Rolls-Royce WraithLamborghini Gallardo, Mercedes-AMG GT S, Ferrari California S, Bentley Bentayga и Mercedes-AMG G63, но посебен куриозитет е што такви возила се наоѓаат на еден автомобилски отпад.

И додека некои од овие скапоцени автомобили се отпишани бидејќи претрпеле големи оштетувања, некои изгледаат недопрени, па се претпоставува дека се запленети или од некоја причина напуштени од страна на своите сопственици, веројатно поради тоа што си купиле нов автомобил, а тешко дека ќе можат да го продадат „на старо“ претходниот миленик во град како Дубаи.

Преземено од Avtoplus.mk