На 15-то по ред истражување спроведено од страна на Demographia International Housing Affordability беа прогласени градовите каде животот ќе биде најскап оваа година.
Во истражувањето беа анализирани 309 градови, (од 91 со популација од над милиони жители) во осум земји – Австралија, Канада, Хонг Конг, Ирска, Нов Зеланд, Сингапур, Велика Британија и САД.
Резултатите беа добиени според пресметка базирана на просечната цена на куќа поделена со просечниот приход на домаќинството.
Еве кои се најдоа во топ десет.
Сан Франциско, Калифорнија, САД – 8,8
Окланд, Нов Зеланд – 9
Тауранга, Нов Зеланд -9,1
Лос Анџелес, Калифорнија, САД – 9,2
Сан Хозе, Калифорнија, САД – 9,4
Санта Круз, Калифорнија, САД -9,6
Мелбурн, Австралија – 9,7
Сиднеј, Австралија – 11,7
Ванкувер, Канада – 12,6
Хонг Конг, Кина – 20,9
Фото: Pixabay