Најскапите коктели на светот чинат колку стан, во што е тајната?

190

Велат дека секој производ има свој клиент, така е истото и со овие коктели. Иако за некои е незамисливо дека една чаша алкохол може да чини десетици илјади долари, други веќе ја нарачаа и уживаа во неа.

Доколку ги нарачате овие три најскапи коктели во светот, ќе ве чини вкупно 42.600 долари, односно како еден помал стан или неколку автомобили.

На прво место е Diamond Is Forever, коктел со 18-каратно злато на чаша. Се служи во хотелот Риц-Карлтон во Токио и содржи Grey Goose водка и лимета. Дијамантот само на стаклото вреди 16.000 долари. Ова задоволство чини 22.600 долари.

Вториот коктел од списокот на најскапи се вика Ono Champagne и вреди околу 10.000 долари. Можете да го пиете во Лас Вегас, во хотелот Encore Wynn. Вклучува редок шампањ од 1981 година, потоа коњак Louis XIII Black Pearl, свеж сок од портокал, сок од кајсија, нектар од роза. На крај се додаваат две коцки мраз.

Martini on the Rock е уште еден “бисер“ меѓу коктелите, кој чини 10.000 долари. Се служи во хотелот The Algonquin во Њујорк и е најскап во целиот град. Исто така, доаѓа со дијамант, кој го оправдува името – rock (камен). Толку е посебен што треба да резервирате три дена однапред ако сакате да го пробате. Во зависност од избраниот дијамант, цената достигнува до 15.000 долари.

Фото: Pixabay