Најскапите перфеми во светот

50

Мирисни ноти преточени во луксузни парфеми кои можат да си ги дозволат само оние со префинет вкус и малку подлабок џеб.

Clive Christian 435.000 долари

1

Иако беше лансиран на пазарот пред шест години, Clive Christian се уште е еден од најпосакуваните парфеми во светот. Неговата висока цена не е само поради прекрасниот долготраен парфем, шишенцето на Clive Christian е декорирано со златно каивче (18 карати) и бел 5 каратен дијамант.

18 Carats LUXE Edition 57.000 долари

2

18 Carats LUXE Edition е парфем за мажи и се наоѓа на второто место на оваа листа. Покрај силниот и неодолив мирис, парфемот е сместен во луксузно пакување направено од злато и украсено во дијамантска круна. Дизајнираното шишенце е достапно во 100 ml и може да се доплнува повторно со истиот парфем.

Ora Ito’s fragrance 45.000 долари

3

Еден од најбараните парфеми во светот, Ora Ito’s fragrance, Idylle е креиран од Тиери Васер и посветен на сите заљубени. Прекрасниот парфем е совршена спојка од благи лилјани, божури и рози, на кои вљубените неможат да одолеат. Елегантното шишенце е обложено со 18 каратно злато, а кутијата е украсена со артистички Baccarat кристали.

Les Larmes Sacrées de Thebes of Baccarat  6.800 долари

4.

Уште еден уникатен парфем од Baccarat, компанијата која е позната по прозиводството на шишенца со кристали во кои се сместени екслузивни парфеми. Les Larmes Sacrées беше за прв пат лансиран во 1998 и веднаш стана омилен кај понежниот пол. 

Ralph Lauren – Notorious 3.540 долари

5

Американсиот моден дизајнер Ралф Лорен, покрај облека креира и парфеми. Тој го создаде овој луксузен и опоен мирис, кој е многу популарен кај девојките и младите жени. Перфемот е спакуван во шишенце поставено во позлатена кутија, која му дава совршено софистициран изглед.

Bond No. 9, 3.500 долари

6666

Парфемите Bond No. 9 доаѓаат во лимитирано издание и секое шишенце е украсено со неповторливите и светкави Swarovski кристали. Овој луксузен парфем претставува уникатна спојка од неколку ароми како пачули, плодови и лисја од црна црна рибизла, карамел и мошус. Кристалното Amphora шишенце е облежено со 16.500 Swarovski камчиња од платина и е едно од најомилените меѓу Холивудските ѕвезди. Bond No. 9 го има во 32 различни нијанси.