Најстарата компанија во светот работи 1.500 години, а во Македонија 147 години

2102

Некои доживеале и илјада години постоење, а денес тешко можат да дочекаат и дваесет.

Просечниот животен век на компаниите во претходните 100 години, бил околу 60 години. Денес ретко која компанија може да опстане 20 години. Сепак, постојат компании кои успеале да опстојат илјада години.

Според истражувањето на британскиот портал Business Financing, најстарата компанија на светот е градежната компанија Kongo Gumi – основана во 578 година, чие седиште е во Осака, Јапонија. Без престанок работи 1.500 години. Денес е во раце на компанијата Takamatsu, а има годишен буџет од околу 70 милиони долари.

Во Европа како најстара компанија се наведува ресторанот St. Peter Stiftskulinarium во Салцбург. И претежно најстарите европски компании се поврзуваат со традиционални производи коишто ја одржуваат културата на нациите. На пример, постојат многу стари компании коишто произведуваат храна и пијалаци.

Се споменува и Балканот. Па така, како најстара компанија во Македонија се наведува Тутунски комбинат Прилеп, компанија којашто постои 1873 година. Во Хрватска титулата најстара компанија ја има бродоградилиштето Краљевица, основана 1729 година, во Србија Апатинска пивара којашто постои од 1756 година. Албтелеком е најстарата компанија во Албанија, основана 1912 година, Пошта Црна Гора, основана во 1841-ва во Црна Гора, Сараевска пивара во 1864-та во БиХ, а најстара бугарска компанија е Арсенал основана 1878 година.

Фото: Pixabay