Кои се најстари компании во светот, што постојат и денес?

527

Една компанија се смета за “стара“ доколку е функционална од моментот на нејзино основање до денес, а тоа е период подолг од 200 години. Во анализата не се вклучуваат образовни, владини или верски институции. Во светски рамки постојат над 5.000 компании што одговараат на овие критериуми. Демографски, Јапонија има најмногу “стари“ компании (3.146), по нејзе следуваат: Германија (837), Холандија (222) и Франција (196), анализира World Atlas.

Kongo Gumi – основана во 578 година, чие седиште е во Осака, Јапонија. Станува збор за градежна компанија основана од имигрант, кој добил задача да изгради будистички храм. Како семеен бизнис постоела 1.400 години, сè до 2006 година. Денес е во раце на компанијата Takamatsu, а има годишен буџет од околу 70 милиони долари.

Nishiyama Onsen Keiunkan – се работи за хотел основан во 705-та година. Во 2011 година, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар хотел во светот. Располага со 37 соби и веќе 1.300 години е во раце на исто семејство.

Koman – овој хотел започнал со работа во 707 година, а е препознатлив бидејќи е традиционален јапонски хотел.

Во десетте најстари компании влегуваат и: Hoshi Ryokan (јапонски хотел од 718 година), Genda Shigyo (јапонска компанија за производство на специјални предмети од хартија основана 771 година), Stiftskeller St. Peter (ресторан во Австрија од 803 година), Staffelter Hof (германска винарија од 862 година), Tanaka – Iga (јапонска компанија за религиозни производи од 885 година), Sean’s Bar (паб од Ирска основан во 900 година) и The Bingley Arms (паб од Велика Британија од 953 година).

Фото: Pixabay