Специјализирано списание за патување, Travel+Leisure и оваа година направи листа на најубавите европски острови.
Интересна е целосната превласт и доминација на грчките острови, од кои дури седум се најдоа во топ 20, а на листата се наоѓа и еден хрватски остров којшто се најде на петтото место – Хвар.
Читателите на списанието го прогласија грчкиот остров Парос за најубав европски остров. Оваа титула, Парос ја освоил поради комбинацијата од прекрасни плажи, традиционална архитектура, сликовити села, археолошки наоѓалишта и богат ноќен живот.