Најуспешната кампања на Kickstarter на сите времиња

108

Kickstarter, како платформа за групно финансирање, на многу стартапи, бизниси, идеи… им даде прилика да дојдат до потребните финансиски средства за да ја остварат својата цел. Некои од организираните кампањи завршуваат успешно, други е успеваат да го соберат потребниот износ во определено време, трети се откажуваат, но има и такви кои прават вистински бум.

Досега најуспешната crowdfunding кампања на Kickstarter ја има паметниот часовник Pebble Time, којшто успеа да собере финансиска поддршка од над 20 милиони долари. Цената на еден часовник се движела од 179 до 100 долари, а 78.000 поддржувачи финансиски ја помогнаа идејата за овој смарт часовник во 2015 година.

Меѓу најуспешните кампањи на Kickstarter, според податоците на Statista, се: Coolest Cooler (преносен ладилник – 13,3 милиони долари), Frosthaven (друштвена игра – 13 милиони долари), Pebble 2 (12,8 милиони долари), Kingdom Death: Monster 1.5 (игра – 12,4 милиони долари).

Фото: Pexels