Највлијателни маркетинг кампањи во историјата

432

Маркетингот е клучна алатка што им помага на компаниите да ги зајакнат своите брендови, да ги направат повидливи и попривлечни, а во исто време и да обезбедат поголема продажба и приходи. Некои слогани на маркетинг кампањи и денес се препознатливи и се врзуваат за одреден бренд, производ или услуга.

World Atlas направи листа од 10, а ние ви претставуваме пет од нив:

Just Do It – Nike

Брендот за спортска опрема Nike, освен што го има препознатливото знакче Swoosh, тој со години го “носи“ и слоганот Just Do It (Само направи го тоа). Со само три зборови, брендот се опишува како непосреден, активен и моќен, а за прв пат се појави во 1987 година со првата голема телевизиска кампања за Nike.

Red Bull ти дава крилја

Red Bull gives wings (дава крилја) е кампања од неколку цртани филмови со ликови кои откако ќе ги испијат пијалакот, добиваат крилја и одлетуваат. Кампањата достигна голема популарност во повеќе од 170 земји во светот.

Share a coke – Coca – Cola

Кампањата Share a coke (сподели кока кола) за прв пат беше претставена во Австралија во 2011 година и за релативно кратко време стана моќен слоган. Во основа на оваа маркетинг стратегијата, компанијата го промени традиционалниот омот на пијалаците, додавајќи ја фразата Share a Coke with… (Сподели со…) некое популарно име. За кратко време и други земји ја прифатија кампањата и ја инкорпорираа во својата маркетинг стратегија.

Diamonds are forever

Култна фразата Diamonds are forever (дијамантите се вечни) датира од далечната 1947 година. Идејата за овој слоган доаѓа како маркетинг алатка на компанија што се занимавала со изработка на дијаманти, но имала огромен пад на продажбата во текот на Големата депресија. Дури 70-тина години подоцна, фразата е добро позната низ целиот свет. Благодарение на овој слоган, дијамантите и денес се “кралеви“ во накитот. Фразата во 1971 година се најде и на филмското платно како наслов на филм чиј главен протагонист е најпознатиот агент Џејмс Бонд.

Marlboro man

Иако пушењето е штетна навика, ретко кој може да го заборави култниот каубој на рекламната кампања за брендот Marlboro.

Фото: Facebook