Највреден бренд во светот е…

62

Производителот на iPhone, Apple е највреден бренд на планетата со вредност од 322,9 милијарди долари или 38% повеќе во однос на 2019 година, покажува анализата на Interbrand за оваа година.

Вицешампионското место му припадна на Amazon, чија вредност се проценува на 200,6 милијарди долари, односно 60% повеќе одошто лани. Највредната петорка ја финишираат: Microsoft (166 милијарди долари), Google (165,4 милијарди долари) и Samsung (62,2 милијарди долари).

Меѓу 10-те највредни брендови за оваа година се вброија и: Coca – Cola (56,8 милијарди долари), Toyota (51,5 милијарди долари), Mercedes – Benz (49,2 милијарди долари), McDonald’s (42,8 милијарди долари) и Disney (40,7 милијарди долари).

Од вкупно 100 брендови, најдолу на листата се најдоа: Zoom (4,4 милијарди долари), Prada (4,4 милијарди долари), Johnnie Walker (4,5 милијарди долари), Burberry (4,8 милијарди долари) и Uber (4,9 милијарди долари).

САД имаат повеќе од половина (51%) од највредните брендови во светот, а меѓу нив се: Apple, Amazon, Microsoft, Google, Coca – Cola, McDonald’s, Disney, Intel, Facebook, IMB, Nike, Instagram, Tesla…

На Стариот континент од вкупно 100, отпаѓаат 36 највредни брендови, а меѓу нив се: Mercedes – Benz (49,2 милијарди долари), BMW (39,7 милијарди долари), Louis Vuitton (31,7 милијарди долари), SAP (28 милијарди долари), Chanel (21,2 милијарди долари), Ikea (18,8 милијарди долари), Hermes (17,9 милијарди долари), Gucci (15,6 милијарди долари)…

Фото: Freepik