Највредната компанија во Турција “тежи“ над 11 милијарди долари

31

dolari-pixabay

Водечката компанија за одбранбена опрема во Турција, Aselsan е највредната компанија во земјата, пишува Daily Sabah.

Пазарната капитализација на Aselsan достигна 11,56 милијарди долари, надминувајќи ја пазарната вредност на досега највредната Garanti Bank (11,2 милијарди долари).

Aselsan е компанија што се занимава со дизајн, развој и производство на системи за воена комуникација, радарски и електронски воени системи, електро – оптички системи и системи за одбрана. Рангирана е на 58-мо од вкупно 100 одбранбени гиганти во светот за 2016 година.