Намален бројот на барања за испорака на руски гас за Словачка преку Украина

30

Дневните нарачки за испорака на руски гас за Словачка преку Украина денеска паднаа, покажуваат податоците на словачкиот гасен оператор TSO Eustrim, пренесе Ројтерс.

Номинациите за испораки на руски гас преку граничниот конектор Велка Капушани изнесуваат околу 608.221 мегавати (MWh) дневно, што е значително помалку од околу 823.912 MWh дневно колку што е забележано во понеделникот, покажуваат податоците.