Намален бројот на издадени одобренија за градење во март

39

Во март оваа година се издадени 219 одобренија за градење, што е за 20,9% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.729.753.000 денари, што е за 11,2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (52,5%) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,7%) за објекти од нискоградба и 63 (28,8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 219 објекти, на 109 (49,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110  (50,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 228 станови, со вкупна корисна површина од 24.572 метри квадратни.

Фото: Pixabay