Намален бројот на издадени одобренија за градење во октомври

10

Во текот на октомври оваа година се издадени 291 одобрение за градење, што е за 10,7% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.824.182.000 денари што е за 44,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (64,3%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (12,4%) за објекти од нискоградба и 68 (23,3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на 193 (66,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 98 (33,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови со вкупна корисна површина од 52.163 метри квадратни.