Државниот завод за статистика информира дека во ноември 2013 се издадени 182 одобренија за градење, што е за 21,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.958.089 илјади денари, што е за 31,2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 160 или 87,9% се наменети за објекти од високоградба, 6, односно 3,3% за објекти од нискоградба и 16 одобренија или 8,8% за објекти за реконструкција.
Од вкупно 182 објекти, на 154, кои сочинуваат 84,6% од вкупниот број, како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 28 објекти или 15,4% инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 414 станови со вкупна корисна површина од 37.878 квадратни метри.