Нивото на проблематични кредити во Европската унија двојно е намален во последните четири години, покажуваат податоците на Европската банкарска агенција.
Нивниот обем во банките во ЕУ е намален од 1.150 милијарди евра во јуни 2015-та година (6% од вкупното кредитно портфолио) на 636 милијарди евра.
Во анализата на Европската банката агенција, се земени податоци од 150 банки во ЕУ коишто имаат удел од над 80% во вкупната актива на целокупниот банкарски сектор.
Намалување на нивото на лошите кредити е резултат на интервенцијата на регулаторните тела, политичките одлуки за да може да се реши овој проблем.
Во Шпанија нивото на проблематични кредити е намалено за 81 милијарда евра, во Велика Британија за 60 милијарди, а во Германија за 43 милијарди евра.
Зад просекот на намалени проблеми кредити заостануваат Грција и Кипар, каде што учеството на проблематичните кредити е сè уште на високо ниво.
Фото: Pixabay