Намален бројот на работници во индустријата во август

47

Бројот на работници во индустријата во август оваа година, во споредба со истиот период лани, е намален за 5,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, е намален за 4,7%.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 0,8%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,2%, Капитални производи за 6,1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6%.

Фото: Pexels