Намален бројот на работници во индустријата во декември

18

Бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е намален за 2,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пад од 1,5%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 2,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пoраст од 0,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2,6%, опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2%, додека кај Енергија е на истото ниво.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, е намален за 1,6%.

Фото: Pexels