Намален бројот на работници во индустријата во февруари

31

Бројот на работници во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи опаѓање од 0,8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 0,4%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2020 година, во однос на периодот јануари – февруари 2019 година, е намален за 3,2%.

Фото: Pixabay