Бројот на работници во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 6,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 0,7%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 6,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,9%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4%, Капитални производи за 10,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4%.
Бројот на работници во индустријата во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јули 2019 година, е намален за 4,6%.
Фото: Freepik