Намален бројот на работници во индустријата во јуни

38

Бројот на работници во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 5,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 0,6%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6%, Капитални производи за 5,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, е намален за 4,4%.

Фото: Freepik