Намален бројот на работници во индустријата во мај 

35

Бројот на работници во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 5,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 0,9%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,1%, Капитални производи за 2,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ мај 2020 година , во однос на периодот јануари ‒ мај 2019 година, е намален за 4,2%.

Фото: Freepik