Намален бројот на туристи во август

15

Бројот на туристи во август оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 7,2%, а бројот на ноќевања е намален за 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во август 2016 година изнесува 156.763, а бројот на ноќевањата изнесува 694.641.

Бројот на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 4,5%, а бројот на странските туристи е намален за 10,9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 0,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 13,8%.

Во периодот јануари – август 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,5%, а кај странските има зголемување за 4,5%. Во периодот јануари – август 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,4%, а кај странските има зголемување за 0,8%.