Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

67
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2022 година е намален за 0.3 процентни поени во однос на ноември 2022 година и изнесува 14.0, а во однос на декември 2021 година е намален за 0.4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2022, во однос на ноември 2022 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се намалени во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2022 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а и во однос на декември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2022 година изнесува 67.2 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21.7 %, недоволната странска побарувачка со 16.1 %, неизвесното економско
опкружување со 16.0 % и недоволната домашна побарувачка со 11.9 %.