Намален прометот во трговијата на мало во јули

48

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во трговијата на мало во јули оваа година, во споредба со истиот период лани, е забележано намалување.

Гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 16,2%, а реално за 20,4%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 2,0%, а реално за 6,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,7%, а реално за 14,0%).

Во трговијата на мало, во јули 2013 година, во споредба со јули 2012 година, пораст на прометот е забележан во групата Трговија на мало со автомобилски горива.