Намален прометот во трговијата на мало во 2014

17

Прометот во трговијата на мало, во 2014 година, реално бележи опаѓање во групите/класите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива, Трговија на мало, освен горива и Трговија на мало со моторни горива, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговија на големо и трговијата на мало и тоа
во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа,
индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.

Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2010 година (базна година)
и во споредба со ист месец од претходната година. Пресметаните индекси не се прилагодени (сезонски,
календарски и по работни денови).