Во трговијата на мало, во јули оваа година, во однос на истиот период лани, се бележи намалување кај Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 10%, а реално за 9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Намалување има кај трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и тоа номинално за 0,6%, а реално за 11,2%, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 5,4%, а реално за 5,3% и Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 7%, а реално за 9,3%.