Намалена потрошувачката на електрична енергија и природен гас

58

gas1Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија во месец март годинава изнесувала 798.785 МWh, што во споредба со истиот месец лани е намалена за 0,28%.

Во бруто – домашната потрошувачка нето-увозот учествувал со 33,42%, додека бруто-домашното производство со 66,58%.

Податоците покажуват дека во март годинава, вкупниот увоз на природен гас во Македонија изнесувал 12.153 милиони нормални метри кубни, што во споредба со увозот во истиот период лани претставува пад од 60,61%.

Најголема потрошувачка на природен гас во март оваа година е забележана за енергетски трансформации во износ од 77,59%, додека за финална потрошувачка се потрошени 21,85% од вкупно расположливиот природен гас.