Намалена просечната камата на кредитите во јуни

51

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни 2021 година изнесува 4,54% и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени (п.п.) и 0,26 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,84%, што претставува месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. и 0,25 п.п., соодветно, покажуваат податоците на Народна банка.

Во јуни, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,03% и оствари раст на месечно и годишно ниво, од 0,19 п.п. и 0,09 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,53% и забележа месечен и годишен пад од 0,14 п.п. и 0,11 п.п., соодветно.

Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечна основа и изнесува 3,65%. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со јуни минатата година, оваа каматна стапка бележи пад од 0,28 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во јуни, оствари месечен раст од 0,12 п.п. и изнесува 3,43%. Според валутната структура, растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,51 п.п. и 0,22 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,49 п.п.). На годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,25 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 1,16%. Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,11 п.п.

Во јуни, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,51% и забележа пад од 0,23 п.п. на месечна основа. Надолната промена во целост е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,41 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,29 п.п.). Oвој месец, банките и штедилниците не примиле денарски депозити со валутна клаузула. Во споредба со јуни претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,08 п.п.

Во јуни, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,33%, при остварен месечен пад од 0,02 п.п. Падот, се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Оваа каматна стапка е пониска за 0,30 п.п. на годишно ниво.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата забележа месечно зголемување од 0,03 п.п. и изнесува 4,64%. Позитивното поместување во целост е резултат на растот на каматните стапки на кредитите со валутна клаузула (за 0,04 п.п.), во услови на намалени каматни стапки на кредитите без валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,12 п.п., соодветно). Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи годишен раст од 0,22 п.п.

Во јуни, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,80%, што претставува месечен пад од 0,02 п.п. Месечниот пад се објаснува со намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на раст на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот месец минатата година, оваа каматна стапка е намалена за 0,27 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,11 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 0,53%. Притоа, падот е резултат на намалувањето на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,13 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата забележа пад од 0,32 п.п.

Фото: Pexels