Намалена вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во јуни

21

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во јуни оваа година изнесува 741.313.000 денари, што е намалување од 15,2% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12,4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29,2%.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млечните производи и рибата.