Намалени цените на становите во четвртиот квартал од 2014

48

Во четвртиот квартал од 2014 година дојде до намалување на цените на становите, покажуваат податоците од Кварталниот извештај на Народна банка на Македонија.

Индексот на цените на становите, како што се наведува, бележи пад од 5,3% на квартална основа, наспроти кварталниот раст од 4% во претходниот квартал и пад од 0,6% на годишна основа наспроти годишниот раст од 2% во третиот квартал.

Кумулативната вредност на станбените згради изградени во периодот од 2011 до 2014 година е повисока за 72,4% од вредноста во перидот од 2007 до 2010 година, а слична динамика покажуваат и податоците за одобренијата за високоградба.

“Во поглед на побарувачката на станови, постојаниот раст на станбените кредити во четвртиот квартал упатува на натамошно зајакнување на побарувањата, тренд што е карактеристичен за цената 2014 година“, се наведува во Квараталниот извештај на НБРМ.