Намалени цените на угостителски услуги во септември

23

Цените на угостителските услуги во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, се намалени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите Храна за 0,1% и Алкохолни пијалаци за 0,7%, додека во групата Безалкохолни пијалаци е забележано зголемување за 0,4%.

Цените на угостителските услуги во септември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, останаа на исто ниво.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1,3%, додека во однос на декември 2018 година останаа на исто ниво.

Фото: Pixabay