Намалени девизните резерви во мај

15

evra kolicka

Вкупните девизни резерви на крајот на мај оваа година имаа вредност од 2.164.400.000 евра, што е за 29,5 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.

Нивото на вкупни девизни резерви на крајот на мај 2015 година беа 2.328.500.000 евра или над 164 милиони повеќе во однос на минатиот месец.

Хартиите од вредност во мај, во вкупниот обем на девизните резерви, зафаќаат 1.657.300.000 евра што е за 3,3 милиони евра помалку во споредба со претходниот месец. Значително намалување од 179,8 милиони евра има во однос мај минатата година, кога хартиите од вредност беа 1.837.100.000 евра.

Намалување од 18,5 милиони евра е евидентирано кај валутите и депозитите, чие салдо на крајот на мај беа 264.500.000 евра, а еден месец претходно достигнаа 283.000.000 евра. Намалување од 16,6 милиони евра, има и во однос на валутите и депозитите на крајот на мај лани  (247.900.000 евра).

Земјата на крајот на мај располагаше со монетарно злато вредност 237.900.000 евра односно 7,7 милиони евра помалку од април оваа година (245.600.000 евра). Вкупно 800.000 евра помалку вреди монетарното злато во мај 2016 година од истиот период лани.