Намалени девизните резерви во март

80

Официјалните девизни резерви, заклучно крајот на март оваа година, изнесуваа 3.017.400.000 евра и во однос на претходниот месец бележат намалување од 67,1 милион евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви, како што се наведува, се пласирани во хартии од вредност (80,2%), по што следува монетарното злато (10,7%) и валутите и депозитите (9%).

Фото: Pixabay