Намалени обврските кон компаниите за 72,4 милиони евра

16

down_trend_use-this-oneОбврските на државата кон стопанството од септември, кога Владата најави исплата кон компаниите по основ поврат на ДДВ и за договорни работи, е намален за 4,4 милијарди денари или 72,4 милиони евра.

Според соопштението на Министерството за финансии на средината на септември, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваше 5.653.277.738 денари или 92 милиони евра.

Заклучно со денес, обврските на државата кон стопанството се намалени на 1.198.000.000  денари, односно на 19,5 милиони евра. Со тоа обврските од почетокот на отплатата се намалиле за 4,4 милијарди денари  или 72,4 милиони евра.

Како што велат од Министерството, ова докажува дека исплатата се одвива согласно утврдената динамика и ќе се реализира во ветениот рок, заклучно со февруари.

Оваа владина мерка почна во септември 2012, со цел да се подобри ликвидноста на фирмите.