Намалени трошоците на живот во декември

56

Фото: Pixabay

Трошоците на живот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,2%, додека кај цените на мало има пад од 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2018 година, во однос на 2017 година, трошоците на животот бележат пораст од 1,5%, а кај на цените на мало има скок од 2,7%.

Движењето на трошоците на животот, во 2018 година, беше различно по одделни групи на потрошувачката.

Пораст е забележан во групите: Транспорт за 7,5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,5%, Рекреација и култура за 2,4%, Ресторани и хотели за 1,9%, Храна и безалкохолни пијалаци, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,8%, Здравје и Комуникации за 0,7%, Останати стоки и услуги за 0,5%.

Намалување е забележано во групите: Облека и обувки за 0,4% и Образование за 0,1%. Групата Домување, вода, електрика, гас и други горива е на ниво од претходната година.

Движењето на цените на мало, во 2018 година, исто така, беше различно по одделни групи  производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Услуги за 3,7%, Земјоделски производи за 3,6%, Непрехранбени индустриски производи и тутун за 2,5%, Индустриско – прехранбени производи за 0,8%.

Групата Пијалаци е на ниво од претходната година. Трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со декември 2017 година, забележаа пораст од 0,9%, а кај цените на мало има пораст од 1%.

Трошоците на животот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, забележаа намалување од 0,2%.

Намалувањето на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 3,3%, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9%, млекото за 0,8%, трбушките за 0,7%, другите прехранбени производи за 0,6%, јајцата за 0,5%, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3%, маслото и маснотиите за 0,2%.

Исто така, во декември 2018 година, намалување на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 6,8%, течните горива за домаќинствата за 12,5%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 10,6%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,6%, информатичката опрема за 1,9%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ата, филмовите за 1%, книгите за 1,5%, автомобилите за 1,4%, опремата за спорт, кампување и рекреација во природа за 0,9%, другите медицински производи за 0,3%, материјалите за одржување и поправки на станот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,2%.

Пораст на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,6%, рибата и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7%, сирењето и урдата за 0,5%, лебот и житата за 0,4%, другите преработки од месо, јогуртот за 0,2%.

Исто така, во декември 2018 година, пораст на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 3,9%, средствата за чистење и одржување на станот за 2,1%, градините, растенијата и цвеќињата, туристичките пакет – аранжмани за 1,3%, парамедицинските услуги за 0,9%, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0,8%, обувките, телефон и телефакс – опремата за 0,7%, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, услугите за сместување, услугите за лична хигиена за 0,5%, мебелот за домаќинствата за 0,4%, лековите, терапевтските помагала, резервните делови и опремата за сопствен превоз, ресторани и хотели за 0,2%.