Намалени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

43

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во првото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, се пониски за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2016 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 4,4%, трошоците за материјали за 5,1% и трошоците за вработените за 2,5%.

Во првото тримесечје од 2016 година, во споредба со првото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 4,2%, трошоците за материјали се пониски за 8,2%, а трошоците за вработените се повисоки за 7,2%.