Намалени трошоците за живот за 0,1%

36

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1% во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1,9%, мастите за 1,6%, овошјето за 0,8%, месото и замрзнатиот зеленчук за 0,7% и преработките од млеко за 0,4%.

Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 9,3%, информатичката опрема за 8,5%, гасот за домаќинстата за 7,6%, течните горива и мазива за 1%, течните горива за домаќинствата за 0,9%, апаратите за домаќинствата за 0,8% и обувките за 0,7%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај конзервираното овошје за 2,1%, зеленчукот за 1,6%, мармаладите и чоколадните производи за 0,7%, рибата за 0,6%, алкохолни пијалаци за 0,5%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од зеленчук за 0,4%, свежото млеко за 0,3%, тестенините и др. прехранбени производи за 0,2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за 3,3%, телефонските и факс апарати и услуги за 0,9%, мебелот за 0,4% и фармацевтските производи за 0,2%.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, бележи пораст од 0,6%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0,4%.